Интернистички преглед
Прегледот содржи ЕКГ, аускултација, палпација (преглед на стомак). Дијагноза и терапија.
Цена на услугата: 1000 денари
ЕКГ
ЕКГ – електрокардиографско снимање на срцето и анализа на неговиот ритам, брзина и морфологија. Дијагноза и терапија.
Цена на услугата: 300 денари
Ехо на срце
Ехокардиографско снимање на срцето со дводимензионален ЕХО-апарат и Доплер анализа со кои се откриваат валвуларни аномалии, варијации на крвниот притисок, слабост на срцевиот мускул и други патолошки состојби. Дијагноза и терапија.
Цена на услугата: 1500 денари
Ехо на внатрешни органи
Ултра-звук на органите во абдоменот со кој се согледува нивната анатомија, присуство на патолошки состојби, како и присуство на калкулоза (камчиња) во жолчно кесе и бубрези. Дијагноза и терапија.
Цена на услугата: 1200 денари
Холтер за крвен притисок
24-часовно мониторирање на крвниот притисок со извонредно мал апарат со кој се постигнуваат прецизни мерења. Дијагноза и терапија.
Цена на услугата: 800 денари
ЕКГ холтер
24-часовно и 48-часовно мониторирање на ритамот, брзината и морфологијата на срцето. Дијагноза и терапија.
Цена на услугата: 1000 денари
Спирометрија
Метод со кој се мери капацитетот на белите дробови и брзина на протокот на воздух низ дишните патишта.
Цена на услугата: 300 денари
Апликација на ампуларна терапија
Интравенозна, интрамускулна и субкутана терапија по проценка на интернистот или на барање на пациентот.
Цена на услугата: Од 100 до 700 денари
Мерење на шеќер во крвта.
Цена на услугата: 100 денари
Лабораториски услуги
Во соработка со Авицена и Адриа Лаб и со упати од матични лекари.
Пакет на прегледи
Вклучуваат основен пакет во склоп на законските прописи, како и проширени пакети по барање на клиентите.
Основниот пакет вклучува:
- ЕКГ
- Спирометрија
- Основно лабораториско испитување
- Аускултација
- Мерење на крвен притисок
- Проверка на видот
Цена на основниот пакет: 800 денари
Менаџерски пакет
Менаџерскиот пакет е специјално наменет за лица со поголема одговорност во одредена компанија кои се задолжени редовно и темелно да извршуваат целосни прегледи и да го одржуваат своето здравје
Специјалната понуда вклучува:
- Интернистички преглед
- ЕКГ
- Ехо на срце
- Ехо на внатрешни органи
- Спирометрија
- Дијагноза
- Терапија
Цена на пакетот: 3500 денари